Почина српскиот актер Небојша Глоговац

Синоќа починал српскиот актер Небојша Глоговац, соопштуваат српските медиуми. Тој починал на само 48 години.

Глоговац пред 10 дена итно бил примен во Институтот за онкологија, кога и медиумите објавија дека тој е тешко болен. Небојша Глоговац беше роден на 30 август 1969 година. Студирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград, а по две години се префрлил да студира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Првата улога ја имал во серијата „Подобар живот“. А ќе остане запаметен по бројни улоги на ТВ и во театар.