Mercedes-AMG: Ни доаѓа Project One и ќе има повеќе од 1.000 коњски сили

Според последните информации, оваахибридна „формула1“ на AMG за користење на јавни улици ќе ја придвижуваат повеќе од претходно споменатите 1.000 коњски сили.

За време на премиерното претставување на Mercedes AMG: Project One на саемот за автомобили во Франкфурт, од компанијата AMG изјавија дека вкупниот потенцијал на автомобилот ќе изнесува 1.000 коњски сили, благодарение на 1,6-литарскиот V6 турбобензински мотор и четирите електромотори кои му помагаат.

Во меѓувреме, првиот човек на AMG, Тобијас Моерс изјави дека конечниот потенцијал на автомобилот ќе биде зголемен. Се споменуваат околу 1.100 коњски сили, а подобро информираните рекоа дека AMG пронашле додатна мотивација во сличните проекти на кои работат Aston Martin и McLaren.