Home Актуелно Почина родилка во штипската болница – бебето, за среќа, спасено

Почина родилка во штипската болница – бебето, за среќа, спасено

Маја Паневска од Свети Николе, која вчера се породи во болницата во Штип, починала утрово во истиот болнички центар под неразјаснети околности.

Како што дознаваме од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.

Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.

Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврди случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата,а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…