Home Актуелно Почина македонската хармоникашка легенда Тодор Трајчевски

Почина македонската хармоникашка легенда Тодор Трајчевски

Oд здравствени компликации како последици на Ковид–19 почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски.

Трајчевски е роден 1954 година во Штип. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител во 1988 година.

Автор е на повеќе од 200 песни од различни жанрови, има над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…