Почина Лазо Голужа – авторот на култниот квиз „Квискотека“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На 85 годишна возраст во Загреб почина Лазо Голужа, доајенот на Хрватската телевизија и автор на култниот телевизиски квиз „Квискотека“.

Смртта за медиумите во Хрватска ја потврдил неговиот син Доминик Голужа.

Лазо Голужа бил познат како еден од создавачите на квизовите „Три, два, еден…“„Дали Вреди“, „Песочен часовник“„Бројки и букви“…

Но, сепак неговиот најпознат ТВ проект е квизот „Квискотека“, првата емисија на Квискотека е емитувана во далечната 1979 година, водител на легендарниот квиз беше популарниот Оливер Млакар.