Победа остана без тренер – раскината соработката со Штерјовски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По вчерашниот пораз од Работнички, втор на свој терен а вкупно трет во 6-те кола од почетокот на сезоната на Првата лига, прилепска Победа ја раскина соработката со тренерот Зоран Штерјовски.

Лошите резултати и само 5-те освоени бодови беа причина Штерјовски да понуди оставка која од клупското раководство е прифатена, а денес е реализиран и формалниот дел околу раскинот а договорот.

За ден-два се очекува да биде назначен негов наследник откако раководството ќе пресече по разговорите со повеќе тренери кои се во тек. Денешниот претпладневен тренинг на екипата го водеа помшниците Вршкоски и Кебакоски.