Фотографија која го отсликува целиот очај на „кралевите“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ни во третиот последователен натпревар на „Сантиаго Беранбеу“ не знае за триумф во Примера, па „кралевите“ сега заостануваат цели 7 бода зад Барселона.

Синоќа со цел плен од Мадрид си замина Бетис. „Кралевите“ пропуштија многу шанси, а Роналдо го одигра еден од најлошите натпревари во белиот дрес.

Играчите и тренерот Зидан очигледно го „загубија компасот“, а во прилог на тоа оди и ситуацијата која медиумите ја нарекоа „хаотична“.

Имено, во еден момент Реал имаше 12 играчи на терен, во моментите кога Зизу сакаше да го внесе Лукас Васкез и Борха Мајорал во игра.

Првиот влезе на местото од повредениот Марсело, а Лука Модриќ очигледно не разбра дека треба да го напушти теренот.