Home Шоубизнис По средбата со Макрон: Ријана најавува голема објава во септември

По средбата со Макрон: Ријана најавува голема објава во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската палата, каде што беше примена од францускиот претседател Емануел Макрон, при што разговараа за нејзините хуманитарни активности во областа на образованието.

„Се насочивме на образованието од глобален аспект и ќе имаме прилично голема објава во септември“, изјави Ријана по состанокот.

Пејачката од Барбадос во 2012 година ја основа непрофитната фондација „Клара Лајонел“, која промовира проекти за стипендии низ целиот свет.

Францускиот претседател пред извесно време се сретна и со пејачот на ирската група „Ју-Ту”, филантропот Боно Вокс, со кого разговараше за намалување на сиромаштијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…