Нов судски скандал: Србинот кој на Нова година го уби охриѓанецот Димитар пуштен на слобода


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бојан Угреновиќ (30) од Краљево, кој лани во Охрид за Нова година го уби охриѓанецот Димитар Матиловски (27), од од вчера е на слобода. Умешноста на неговата одбрана, со користење на сите можни судски „кривини“, и „наивноста“ на судиите, доведоа до тоа вчера сторител на свирепо убиство да излезе од затворот во Шутка и најверојатно да си замине во својата земја, со обврска во септември да се врати на закажано судско рочиште, пренесува порталот Мкд.мк

Ќе биде интересно да се види дали Угреновиќ воопшто некогаш и ќе се врати во Охрид.

Притворот е укинат поради пропусти во законската регулатива и слободата на толкување на одредени членови. Судот не успеа во законскиот рок од една година да донесе правосилна пресуда за случајот, па од денеска Угреновиќ е на слобода.

Основниот суд во Охрид донесе пресуда од 16 години затвор. Тогаш Угреновиќ го призна убиството и изрази каење и жалење за последиците од инцидентот кога смртно беше претепан 27годишниот Матилоски пред кафе бар во центарот на Охрид.

По жалбата на адвокатите на српскиот државјанин, Апелацискиот суд во Битола пресуди случајот да се врати на повторно судење во Основниот суд во Охрид. Имало некои пропусти во првостепената постапка.

Поради одредени технички причини повтореното судење не почна навремено, поради непојавување на обвинетиот на првиот, односно на неговиот адвокат на вториот закажан датум за првото рочиште. Пред два дена конечно се одржало такво рочиште, Угреновиќ сосема го сменил исказот и рекол дека е невин, по што судијката Весна Кичеец (истата судијка го водеше и првото рочиште лани во декември) закажала ново рочиште во септември со барање за повторно сослушување на сведоците. Случајно или не, никој на ова рочиште не ги споменал законските рокови за притвор.

Менувањето на исказот правно значи потреба од сосема ново судење, односно целосно враќање на процесот од самиот почеток. Така истече притворот за обвинетиот, кој остана без пасош со обврска да се јавува пред надлежниот орган.

Угреновиќ веќе излегол од притворот во Шутка и најверојатно веќе си е дома во Краљево.

Убиството се случи на 1 јануари 2016 година кога по кратка расправија во угостителски објект во центарот на Охрид, Угреновиќ го претепал до смрт Матилоски пред кафе барот. Семејството на убиениот тогаш бараше сторителот да одговара за кривично дело „свирепо убиство“ и имаше оштетно побарување од 10 милиони денари.