Home Актуелно По речиси една година, нова аудио порака од водачот на Исламската држава

По речиси една година, нова аудио порака од водачот на Исламската држава

ИСИС објави аудио порака која, наводно, после речиси една година јавно ја упатува нивниот водач Абу Бакр ал-Багдади, ппренесува Си-ен-ен. Во пораката, прва од септември минатата година, маж им се обраќа на борците од ИСИС.

Во пораката, човекот на снимаката признава дека групите на ИСИС губат велејќи дека тоа е тест од Алах, и дека треба да се држат заедно.

Човекот вели дека неговите следбеници се тестирани со „страв и глад“, но вели дека „радосни вести“ ќе добијат оние што „трпеливо истрајуваат“.

На снимката не е наведен ни датум ни време на нејзиното снимање, но се чини дека се однесува на неодамнешните настани, вклучувајќи го и притворањето на американски пастор во Турција.

ИСИС го изгуби поголемиот дел од територијата која ја контролирале во Сирија и Ирак, а минатата година нивните припадници биле протерани од поранешните упоришта, градовите Рака и Мосул, од каде Багдади прогласи калифат во 2014 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…