По признавањето на вината во „Рекет“ – судот утре ќе му изрече пресуда на Кичеец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако на денешното прво судско рочиште за случајот „Рекет“ еден од тројцата обвинети во случајот, Зоран Милевски Кичеец, категорично ја призна својата вина во истиот, судот утре ќе ја објави пресудата за него.

По неговото признание доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.

„Со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности“, рече Русковска, пред да се одлучи за казната.

Неговиот адвокат Александар Новаковски рече дека очекува условна казна за неговиот клиент.

„Се соочивме со ситуација во која обвинетиот кој како сведок можел да го избегне обвинението, но може од незнаење, се довел во ситуација да биде обвинет. Од тој момент истиот не бил соработник со обвинителството, иако се шпекулираше. Откако се донесе одлуката за обвинение, првата негова цел беше да каже сето она што го знае“, рече Новаковски, кој додаде дека обвинетиот е татко на пет деца и досега не е осудуван.