По грешка си го продал BMW-то за едно евро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продажбата на автомобили преку платформи како eBay е сè позачестена, па на таков потег се одлучил и еден Германец, кој за жал немаше добро искуство со тоа.

Како што пишува „Automobilwoche“, неименуван сопственик на БМВ одлучил да ја користи платформата „Ebay“ за да го продаде своето возило. Меѓутоа направил грешка и автомобилот е понуден на аукција за многу ниска почетна цена. Набрзо се нашол купувач кој го купил автомобилот за едно евро.

Продавачот ја воочил грешката предоцна и автомобилот е навистина продаде. Тој се жалел и случајот завршил пред франкфурдскиот суд. По разгледување на аргументите на двете страни судот пресудил во корист на продавачот и тоа затоа што продавачот истакнал дека очекувал автомобилот да се продаде за повисока цена од истакнатата. Купувачот бил незадоволен од одлуката но не одлучил да се жали.

Затоа треба претпазливост при продажба на ваквите платформи, затоа што судот можеби нема секогаш да биде на страната на продавачот.