По една и пол година скитање по океанските води, „бродот на духови“ стигна кај Ирска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По една и пол година осаменичко скитање по океанските води, напуштениот товарен брод МВ Алта се насука на карпите крај брегот на Ирска во близина на округот Баликитон во округот Корк, под влијание на бурата „Денис“.

Со тоа се заврши главно непознатата одисеја на бродот, долг 77 метри што пловеше низ Атлантикот меѓу Америка, Европа и Африка изминатата година и половина.

И покрај тоа што екипажот го напуштил, цврстиот брод останал над водата цело време, се додека на неговото осамено патување не му стави крај бурата „Денис“, носејќи го до брегот на Ирска по силната бура.

Штом се насука на брегот, бродот привлече многу љубопитни, поради што локалните власти издадоа предупредување до јавноста во кое се вели да „не пристапуваат кон бродот бидејќи се наоѓа на опасен дел од брегот“.

Бродот веќе бил прегледан (и снимен) од страна на ирската крајбрежната стража, а според првите слики, се смета дека не постои опасност од истурање гориво во морето.

МВ Алта е изградена во 1976 година и долго пловела под знамето на Танзанија. Бродот го сменил сопственикот во 2017 година и се најде во неволја во септември 2018 година на патот од Грција до Хаити кога неговите мотори откажале на 2.200 километри од Бермуда.

Бидејќи пет-члениот екипаж не успеа да го санира, МВ Алто на крајот беше напуштен кога пристигна брод на американската крајбрежна стража за да ги однесе во Порто Рико. Крајбрежната стража веднаш стапила во контакт со сопственикот на бродот за да организира реморкер што ќе го донесе бродот на брегот. Потоа, бродот, наводно, бил влечен во Гвајана, каде, наводно, бил киднапиран.

После тоа, на бродот му се губи трагата, сè додека не беше снимен среде Атлантикот во август минатата година од екипажот на британскиот патролен брод HMS Protector. Тогаш беше јасно дека бродот неконтролирано плови по океанот. Потоа, се смета дека МВ Алта отпловил до бреговите на Африка и потоа поминал покрај брегот на Шпанија за на крајот да го заврши патувањето во Ирска.