По 17 години бегство македонската полиција го уапси Алија Реџаи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските полициски служби го уапсија Алија Реџаи, скопјанец осуден за дрога, кој беше во бегство пред законот цели 17 години.

Бегалецот бил фатен во непосредна близина на клучката кај Радишани откако полицијата го пресретнала и опколила неговото возило. Како што дознаваме од наши извори, бегалецот тргнал на погреб кај свој роднина на гробиштата во село Љуботен, полицијата го следела и го оставила да отиде, а го уапсила на враќање од таму.

Според наши извори, за погребот каде требало да се појави Реџаи имало колона од околу 100 возила. По безбедносната проценка, полицијата го чекала да се врати и да се намали фрекфентноста и гужвата од возила.

Бил пречекан во заседа во подножјето на Љуботен, а тој се возел на задното седиште со сиво БМВ кој го управувал неговиот син. Со нив било уште едно лице. Бил пресретнат и опколен од возила на тимовите кои работеле на акцијата и била фатен кога се враќал од погребот.

Иако, неговиот син се обидел да продолжи да вози, возилото било во заседа и немал каде да бега, па морал да застане.

Реџаи претходно цели 17 години се криел од полицијата, но во успешна полициска акција, вчера падна во рацете на полицијата по што е предаден во полициска станица за понатамошна постапка.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Делото го сторил во 2004 година, а бил осуден на затворска казна во 2006.

Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

Каде се криел минатите 17 години и како успеал да остане незабележан од никого, останува мистерија.