Вебкафе

Пливање од 10.000 километри: Бен Лекомит тргна во препливување на Тихиот океан

Во желбата да стане првиот човек кој ќе го преплива Тихиот океан, Французинот Беноа Лекомит тргна со пливање од Јапонија кон западниот брег на САД.

Бен планира да плива повеќе од шест месеци, по осум часа дневно. Цело време ќе се соочува со разни опасности како ајкули, бури, јата медузи и екстремно ниски температури на водата.

Во текот на неговата експедиција тим од научници ќе прават серија истражувања, а Лекомит со својто подвиг сака да ја подгине свеста за климатските промени. Ќе се проучуваат остатоците од пластика, влијанието на екстремните вежби врз срцето и ќе се испитува како Фукушима влијаеше врз океанот.

Лекомит, кој живее во САД, за оваа негова фантастична авантура се подготвуваше повеќе од шест години, секојдневно практикувајќи вежби за „визуелизација и дисоцијација“ со цел да биде сигурен дека е ментално спремен за потфатот.

„Многу е важно да се биде ментално спремен. Мора секогаш да мислите на нешто позитивно, бидејќи проблемите почнуваат кога не мислите на ништо“, вели Лекомит За AFP.

Тој во 1998 година го преплива Атлантскиот оокеан без никакви помагала на пливачкото патешествие кое траеше 73 дена и така стана првиот човек кој успеал да реализира таков потфат. Кога конечно стигна на француско копно изјави – „Никогаш повеќе!“ – но, набрзо почна да бара нов предизвик.

„Не ми требаше многу време за да се премислам. Три-четири месеци после тоа почнав да размислувам за нова авантура“, изјави Бен.

Advertisements
To Top