Home Вебкафе Вратен украдениот примерок од писмото на Колумбо од 1493 година

Вратен украдениот примерок од писмото на Колумбо од 1493 година

После една година потрага, САД го вратија во Шпанија ретка копија од писмото кое шпанскиот морепловенц со италијанско потекло Кристофер Колумбо го напишал во 1493 година, а кое беше украдено во Барселона во 2005 година, пренесуваат американските медиуми.

Од официјалните органи на САД беше изјавено дека вчера писмото му е предадено на шпанскиот амбасадор во САД.

Писмото, кое е адресирано до кралот Фердинанд и кралицата Изабела, е една од 16-те копии кои биле изработени на барање на Колумбо. Во писмото се опишани откритијата на шпанскиот морепловец во „новиот свет“, пренесува AFP.

Крадците кои го украдоа писмото, оригиналот го заменија со фалсификувана копија, што беше откриено дури во 2012 година, откако се појавија информации дека неколку такви копии се украдени од европските архиви.

Истражувачите открија дека оригиналот кој е украден во Барселона е продаден на продавачи на половни книги за цена од 600.000 евра, за во 2011 писмото да биде препродадено за цена од 900.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…