Плејбој зајачицата која направи „земјотрес“ на српската културна сцена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мирела Крајиновиќ, бивша Плејбој зајачица, со денови, па и недели, е главна тема на српската културна сцена, откако беше работно ангажирана во белградското „Народно позориште“.

Мирела, инаку сопственичка на списанието The Globe, беше ангажирана како лице задолжено за односи со јавноста од страна на белградското „Народно позориште“. Поточно, како што пренесуваат српските медиуми, ангажирано е нејзиното споменато списание, тримесечник кој треба преку неговите објави да ја следи работата на театарот и да објавува промотивни текстови.

Според пишувањата на српските медиуми, „Народното позориште“ откри дека бившата Плејбој зајачица треба да добива 2.000 евра годишен хонорар за нејзиното списание, кое излегува четири пати годишно, да ја следи програмата на театарот. Таа тврди дека The Globe, меѓу другото, пишува и за образование, дипломатија и култура.

„Од останатите медиуми, мојот медиум е единствен кој, навистина со задоволство, промовира не само драма, туку и балет“, изјави Мирела за српската телевизија.

„Народното позориште потпиша едногодишен договор со списанието Globe за огласување и други медиумски активности поврзани со театарската куќа, за месечен надомест од 20.000 динари. Овој двојазично печатен луксузно дизајниран магазин се дистрибуира по амбасадите и странските претставништва во Белград, како и во бизнис класа летовите на Air Serbia, а позитивно и афирмативно пишува не само за активностите на театарот, туку и за културата воопшто. Досегашната соработка со ова списание течеше на обострано задоволство и со исклучително поволен одѕив кај читателите“, изјави Дејан Савиќ, управник на „Народно позориште“, на прашањето зошто баш Крајиновиќ.

На истакнување на нејзиниот ангажман за Плејбој во 2006 година, Савиќ изјави дека „Народно позориште“, како институција, „не може и не смее да ги дискриминира потенцијалните надворешни соработници на основа на нивните сегашни или минати активности од приватниот живот, освен ако не се во судир и спротивност со законските прописи“.

Мирела, после излегувањето на оваа приказна во јавност, откри дека договорот го склучила со управниот на „Народно позориште“, Дејан Савиќ, чија смена сега ја бараат многу актери и српски уметници поврзани со овој театар.

Целиот случај отиде толку далеку што дојде и до смена на уметничкиот директор Жељко Хубач, кој сега добива поддршка од многу српски уметници, поточно од оние кои бараат смена на Савиќ, кому, оставка од управничката позиција очигледно не му паѓа на памет. Многу српски актери последниве денови изјавуваат дека случајот со бившата Плејбој зајачица е само капка која ја прели чашата.

„Постојат поголеми проблеми во театарот, па зајачиците се само коски кои ни ги фрлаат за да не се зборува за вистинските проблеми“, вели актерката Наташа Нинковиќ за спрски „Курир“.