Авион слета на автопат за време на сообраќаен метеж (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради дефект со моторот, мал авион беше принуден да слета меѓу автомобили на еден автопат во Калифорнија, и тоа за време на сообраќаен метеж, вадејќи ги од памет возачите кои беа дел од сообраќајот.

Слетувањето беше изведено според правилата и без никаква грешка, без притоа да предизвика било каква материјална штета. Но, сепак, ситуацијата делувала потполно надреално. Настанот ги снимил еден од возачите чиј автомобил, во текот на слетуваето, се затекнал зад леталот.

Целата ситуација делувала апсурно во моментот кога возачите почнале да го претекнуваат авионот. Еден од нив дури и му честитал на пилотот за успешното приземјување.

„Не знам како успеа да го избегне сообраќајот. Ова е вистинско чудо!“, изјави сообраќаецот Тревис Героу.