Home Спорт Платини има своја логика и фаворит за „Златната топка“

Платини има своја логика и фаворит за „Златната топка“

Легендата на францускиот фудбал и бивши претседател на УЕФА, Мишел Платини нема дилеми за тоа кој треба да ја освои „Златната топка“.

Платини смета дека тоа треба да биде Рафаел Варан од Реал Мадрид, а објасни и зошто.

„Се надевам дека Французин ќе ја освои „Златната топка“. Мене не ми е тешко да посочам кој ја заслужува најмногу оваа награда. Тоа е Рафаел Варан бидејќи тој е единствениот кој ја освои и Лигата на шампиони и светското првенство. Варан е фантастичен играч со неверојатни достигнувања. Се останато е субјективно“, изјави Платини.

25-годишниот Варан е меѓу 30-те номинирани за „Златната топка“ и доколку ја освои ќе стане вториот дефанзивец после Фабио Канаваро кој ја добил престижната награда.

https://youtu.be/AlaVmq-flwQ

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…