Плата од 500 евра и имот – таа е понудата за да се преселите на овој грчки остров


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Локалните власти од питорескниот грчки остров Антикитера нудат месечни примања од 500 евра, бесплатен имот за живеење и храна за сите кои се заинтересирани да се преселат и да живеат на ова островско место.

Целта на властите со оваа понуда е да се обидат да го зголемат бројот на жителите од сегашните 24 на барем 300. Островот Антикитира е сместен меѓу Крит и Китера , а властите на новодојдените жители ќе им дадат земја , па дури и бесплатна храна .

Островскиот свештеник и локалниот совет се надеваат дека оваа понуда ќе биде привлечна за многумина и дека островот наскоро ќе заживее. Тие рекоа дека предноста ќе имаат семејства со најмалку три деца и се надеваат дека новодојдените ќе се вработат како рибари, фармери, пекари и слично.

„Станува збор за работни места што можат да обезбедат пристоен приход за оние кои доаѓаат да живеат на нашиот остров”, изјави градоначалникот Андреас Чарчалакис.

Според информациите од локалниот весник „Грчки репортер”, 15 семејства веќе се пријавиле на огласот.