Home Спорт Пјаниќ конечно проговори за својата иднина

Пјаниќ конечно проговори за својата иднина

Во последните денови Миралем Пјаниќ е една од главние теми на трансфер пазарот и се појавија многу информации дека Босанецот може да го напушти Јувентус.

Силен интерес за него покажуват Барселона, Челзи и Манчестер Сити, а „старата дама“ наводно е спремна да го пушти доколку добие понуда од 100 милиони евра.

„Прочитав толку многу нешта во изминативе денови што нависитна ме насмеаја. Но, јас сум мирен и продолжувам да работа, знам како стои ситуацијата со трансфер пазарот. Многу сум среќен во Јувентус и сум навистина мирен. Напреднав многу во изминативе две години и што вредам 100 милиони, значи добро си ја вршам работата. Мое е да играм фудбал и да уживам, а во Јувентус го правам тоа“, изјави Пјаниќ.

Последните информации од Апенините говорат дека Јувентус нема намера да го пушти и ќе му понуди нов договор до 2022 година според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…