Писмо кое заедно го напишале Ван Гог и Гоген продадено за 210.600 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заедничко писмо кое го напишале славните сликари Винсент ван Гог и Пол Гоген, во кое тие говорат за своите посети на борделите и своите впечатоци од таму, е продадено за 210.600 евра на аукција во Париз. Наддавањето е организирано од „Аристофил колексион“.

Се говори и како тие двајцата сакаат да „ја преродат“ современата уметност и да создадат „здружение на уметници“… Писмото е потпишано од двајцата и е адресирано кон нивниот пријател Емил Бернар. Испратено е во средината на ноември 1888 година, речиси две години пред Ван Гог да почине на 37-годишна возраст.

Гоген есента пристигнал во Арл, каде што Ван Гог живеел, и двајцата минуваат неколку „бурни“ креативни заеднички месеци. Тогаш Ван Гог си го исекол своето десно уво.

Во писмото, Холанѓанецот вели дека тогашната уметност се движи кон „безгранична ренесанса“. Гоген пак, ја напишал последната страница, каде што пишува: „Не го слушајте Винсент. Како што знаете, тој лесно се мами”.

Французинот починал на Маркиските Острови 1903 година.