Пикантерии од разводот на Тоти и Илари – таа му ја зеде „Ролекс“ колекцијата, тој неа скапите ташни и обувки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Разводот помеѓу легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти и неговата поранешна сопруга станува се погрд и „повалкан“, бидејќи протекуваат детали и пикантерии од нивната формална разделба.

Имено, Тоти сега тврди дека неговата поранешна сопруга, ТВ водителката Илари Бласи, го напуштила нивниот стан со скапи Rolex часовници, пишува The Times. Од друга страна, тамошните медиуми објавија дека Тоти наводно ѝ ги одзел скапите чевли и ташни, од кои секоја чинела околу 4.000 евра, бидејќи му ги земала часовниците.

И покрај обвинувањата за прељубата на Тоти, што наводно довело до развод, неговите обожаватели веруваат дека тој е исклучително лојална личност бидејќи со години е лојален на својот клуб Рома и родниот град. Тоти и Бласи се венчаа во 2005 година и имаат три деца. На почетокот на оваа година се појавија гласини дека Тоти е снимен со друга жена.

„Не бев ниту единствен ниту прв што изневерил“, изјави накратко фудбалерот за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilary Blasi (@ilaryblasi)

Имено, новинарите ја открија аферата на Бласи со личниот тренер. Поранешниот фудбалер изјавил дека на нејзиниот мобилен телефон нашол докази за прељуба. Бласи сега преку судови бара враќање на скапите чанти, а судското рочиште е закажано за утре.

„Сè што треба да направи е да ги врати часовниците и се ќе биде во ред“, рекол извор близок до Тоти, според Тајмс.