Home Шоубизнис „Квин“ објавија досега необјавена песна од Фреди Меркјури

„Квин“ објавија досега необјавена песна од Фреди Меркјури

Рок групата „Квин“ објави песна снимена со Фреди Меркјури заборавена и изгубена пред повеќе од 30 години. Оригинално снимена за време на сесиите за албумот „The Miracle“ од 1988, песната „Face It Alone“ не влегла на албумот и потоа била заборавена.

Таа повторно била откриена во архивите кога продукцискиот тим на „Квин“ го подготвувал реиздавањето на албумот.

„Face It Alone“ е првата нова песна на „Квин“ со Меркјури по осум години пауза, односно од излегувањето на албумот „Queen Forever“ во 2014, на кој се најдоа три претходно необјавени песни.

„Среќен сум што нашиот тим успеа да ја најде оваа песна. По сите овие години, убаво е да се чујат сите четворица додека работиме во студио на одлична песна која никогаш вистински не била довршена“, изјави гитаристот Брајан Меј.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …