Home Вебкафе Пијана работа: Јако се запил, па го промашил хотелот и завршил на…

Пијана работа: Јако се запил, па го промашил хотелот и завршил на…

За време на престојот на италијанските Алпи, еден естонски турист јако ја закашкал работата поради претерано пијанство при една вечерна забава. По пијанката, наместо да се врати во хотелот во кој бил сместен, завршил на еден од планинските врвови.

30-годишниот Естонецот Павел по пијаната ноќ се упатил кон својот хотел, но по тој пат свртел во погрешна насока. Така, тој завршил во близина на врвот на планината, некаде меѓу 2 и 3 часот наутро.

Додека се искачувал кон врвот, го забележал ресторанот „Игло“, кој се наоѓал на околу 2.400 метри надморска височина. Притоа, тој насила влегол во објектот и таму ја минал ноќта. Утрото, персоналот на ресторанот го пронашол со испиени две шишиња вода, кои биле покрај него.

Полицијата организирала потрага по туристот, во која биле вклучени и беспилотни летала, а откако го пронашле му била изречена казна за провала во објект, но, сепак, тој нема да биде осуден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2: Дали мистеријата на филмот е веќе минато?

ЃАВОТ НОСИ ПРАДА 2: ДАЛИ ТАЈНАТА НА ФИЛМОТ СТАНА СОПСТВЕНОТО МИНАТО? Најавата дека се сним…