Home Актуелно Петти ден штрајк во МПМ: Новинарите до денес ќе штрајкуваат по шест часа

Петти ден штрајк во МПМ: Новинарите до денес ќе штрајкуваат по шест часа

Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот Вест од страна на штрајкувачкиот одбори на Вест, Утрински и на Дневник, денеска се одбележува петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на Медиа принт Македонија, информира ССНМ.

Прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и за хонорари продолжува, но и нашата подготвеност за конструктивна комуникација. ССНМ и штрајкувачките одбори уште еднаш потенцираат дека станува збор за легитимна акција која не е со цел да се наруши угледот на весниците ниту на МПМ. Токму спротивното. Во заеднички интерес на сите е опстанокот и успешно работење на брендовите во чие што градење многумина кои денес штрајкуваат се вклучени со сиот свој професионален и човечки капацитет. Mенаџментот упорно одбива средба со претставниците на штрајкувачкиот одбор.Тензиите се зголемуваат. Со тоа и неизвесноста. Зголемувањето на времето на штрајкот е директeн резултат на однесувањето на менаџментот, се наведува во соопштението.

Новинарите и медиумските работници денеска добија поддршка и од прогреснивните синдикати на УПОЗ, СИЕР, АГРО и на СУДКОС.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…