Петте намирници кои го ОПУШТААТ организмот и ослободуваат од СТРЕСОТ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Помеѓу работата која ја работите во канцеларија, за семејството или вас самите, дали некогаш знаете да застанете и да се запрашате каков стил на живот водите? Нередовниот распосред на спиење, исхраната и сите останати работи кои ги правите во текот на неделата доведува до зголемување на нивото на стрес.

Од него можете да се ослободите и ако ги јадете следните намирници, кои ќе ви помогнат да се опуштите.

1. Чоколадото

Не постои ништо така вкусно, како чоколадото. Самата помисла на чоколадо, омилената книга и удобното сместување дома се доволно да ви го намалат нивото на стрес. Неодамнешното истражување докажа дека секојдневното конзумирање на црното чоколадо во периодот од две недели ги намалува хормоните на стрес. Чоколадото предизвикува ослободување на серотонинот кој е природен антидепресив.

2. Кашкавалот

Кашкавалот е еден од намирниците кој може да се комбинира со било кое јадење за да го направи побогато и повкусно. Иако е познат по тоа што содржи масти, исто така е добар за ослободување од стресот.

3. Боровница

Иако се мали, боровниците се совршена комбинација на витаминот Ц и антиоксиданси кои помагаат во балансирање на стресот. Антиоксидансите во боровниците исто така ги заштитуваат келиите од рак и срцеви заболувања. Можете да ги јадете во било кој облик, како компот, сок или свежи.

4. Бадеми

Бадемите се богати со витаминот Б2, витаминот Е, цинк и магнезиум. Тие содржат серотонин кој помага во балансирање на расположението и стресот. Цинкот се покажа како добар во битката против негативните ефекти на стресот, а витаминот Е е антиоксиданс кој го подобрува имунитетот. Бадемите го намалуваат крвниот притисок и на тој начин стресот го држат под контрола.

5. Рибата

Омега 3 масните киселини во рибата помагаат адреналинот и нивото на стрес да се држат под контрола. Лососот и туната можат да го спречат порастот на хормоните на стрес, а исто така заштитуваат и од срцеви болести, промена на расположението и депресија. Сушито исто така е добро за ослободување од стресот.