Петочна и викенд временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, петок, 29. септември, ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утре наутро ќе биде свежо, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 19 до 31 Целзиусов степен.