Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска, петок, 12. мај, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, а дневната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени. Маврово 9, Охрид, Битола, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 17.

Утре времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и во северните планински региони ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 13 до 23 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…