Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вториот септемвриски ден во Македонија носи променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Максималните дневни температури ќе бидат – Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка и Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 28.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец и дневни температури од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.