Курти на српски до Србите во Косово: Имате 61 ден за промена на регистарските таблици


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Косовскиот премиер Аљбин Курти порача дека на територијата на Косово почнала замената на регистарските таблички на Република Србија со косовските „РКС“ и дека овој процес ќе трае до 31 октомври.

Курти им се обрати на Србите од Косово на Фејсбук и тоа на српски јазик и притоа порача дека во следните два месеци ќе можат да ги пререгистрираат возилата во 34 центри за регистрација низ Косово.

„Почитувани граѓани, од денес па до 31 октомври, во текот на 61 ден во сите 34 центри за регистрација на возила, повторно ја отвораме можноста за преминување на регистарските таблички на нашата заедничка република. Преминувањето и регистрацијата на возилата на табличките РКС им служи на јавниот ред, законот и сигурноста. Табличките кои ги издава Србија се наследство од режимот на Милошевиќ. Ваквото наследство не треба да биде товар на вашиот грб. На овој начин тоа намерно вр држи изолирани и во минатото. Преминувањето на РКС таблички го елиминира ваквиот товар и обезбедува непречена и безпредрасудна слобода на движење по целата територија на Република Косово од север на југ и од запад на исток“, кажа Курти.

Според него, на Косово во моментов има 401.945 возила со таблички РКС.

„Десетици илјади од вкупниот наведен број се во сопственост на припадници на малцинските заедници. Оние кои треба да преминат на таблички РКС се процентуално околу два отсто. Драги граѓани, врз основа на тврдењата на Србија на разговорите во Брисел, на табличките им истече мандатот на користење во септември минатата година. Ние од друга страна отвораме рок со кој се предвидува регистрација со финансиски олеснувања. Сопствениците на возила кои ќе преминат на официјалните таблички за време на двомесечниот период ќе бидат ослободени од такси и останати обврски кои можат да достигнат до 5.000 евра“, истакна Курти.