Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот априлски петок во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 Целзиусови степени

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во сабота ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.

Од вторник ќе настапи стабилизација со пониски утрински температури.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…