Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој октомвриски петок во Македонија носи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 19 степени. Маврово 14, Охрид 20, Битола 22, Крива Паланка и Берово 19, Кавадарци и Дојран 25.

Од сабота следува период на стабилно време, освен во недела во западните делови каде е можен слаб локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, а дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа ќе расте.