Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Првиот октомвриски петок во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 21 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени.

До недела ќе преовладува претежно стабилно време. Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе е нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…