Home Актуелно Петочна и викенд прогноза

Петочна и викенд прогноза

Последниот петок за март оваа година времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 Целзиусови степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно. До утре утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе бидат над нулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…