Пет минути стоечки овации за „Медена земја“ на „Златна бубамара на популарноста“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера вечерта, во Скопје, се одржа овогодинешното издание на еден од најпопуларните шоу настани во Македонија, „Златна бубамара на популарноста“.

Наградата за интернационален успех во областа на филмот на овогодишното 23-то издание на Златна бубамара на популарноста го доби македонскиот кандидат за оскар „Медена земја“, а наградата на сцената ја подигнаа дел од екипата која работеше на филмот како и двете семејства за кои се зборува во филмот.

Преполната сала со стоечки пет минутни овации и аплауз ги дочека на сцената Атиџе Муратова, Љутвие со дел од децата како и режисерката Тамара Котевска и Фејми Даут.

Еве го комплетниот список со добитници на награди „Златна бубамара 2020“.

Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека

Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика

Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)

Пеачка на годината – Тамара Тодевска

Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)

Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)

Најсатирична емисија – Фчерашни новости

Трајни музички вредности – Електрични оргазам

Театарска претстава – Мој термин (МНТ)

Актер на годината – Јордан Симонов

Актерка на годината – Тања Кочовска

Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга

Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски

Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис

Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија

Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Животно дело во областа на филмот – Столе Попов

Награда за прва труба – Џамбо Агушев

Најголем интернационален успех – Медена Земја

Амбасадори на македонската култура – Танец

Спортски успех – РК Вардар

Музички Продуцент – Мите Димовски

ТВ актерка – Јелена Јованова

Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)

Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)

Трајни музички вредности – Галија

Пеач на годината – Влатко Лозаноски