Home Актуелно Песков апелира: Русија нема да употреби нуклеарно оружје без разлика на исходот во Украина

Песков апелира: Русија нема да употреби нуклеарно оружје без разлика на исходот во Украина

Русија ќе употреби нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС).

– Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме и ние навистина ќе употребиме нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја, посочи Песков.

Тој додаде дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.

Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.

Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори, посочи Песков.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…