Облачна среда со сончеви периоди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешниот, претпоследен мартовски ден во Македонија носи променливо облачно време со сончеви периоди и со максимални температури од 12 до 22 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне в долж Повардарието засилен, ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Mаврово 12, Oхрид 14, Битола и Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 21, Дојран 22.

Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер. В петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и силен ветер.