Перез пресече: Еден од овие тројца напаѓачи пристигнува на „Сантиаго Бернабеу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува шпанскиот медиум „Дон Балон“ претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез составил листа на фудбалери кои „кралевите“ ќе се обида да ги донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Медиумите тврди дека приоритет е напаѓач, а Реал Мадрид веќе има листа на тројца напаѓачи, па еден од нив сигурно ќе пристигне во Мадрид, само прашање е дали во јануари или следното лето.

Прва и најголема желба на Флорентино Перез е Хари Кејн од Тотенхем. Таа е воедно и најскапата опција, но прашање е дали Реал ќе може да ги убеди „спарси“ да ја пуштат својата најголема ѕвезда.

Поради тоа постојат и алтернативи, а тоа се: Тимо Вернер од Лајпциг и Каспер Долберг од Ајакс.

Сепак, медиумите пренесуваат дека проблем е Кристиано Роналдо кој во иднина сака да игра централен напаѓач и поради тоа не сака да биде донесена голема ѕвезда во нападот.