Перез има силна причина зошто мора да „молчи“ пред Рамос


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез влезе во расправија со капитенот на тимот Серхио Рамос.

Ситуацијата во клубот е многу лоша, а додатно се влоши откако претседателот Перез после поразот од Ајакс слегол во соблекувалната и ги критикувал фудбалерите. Меѓутоа, во тој момент избила голема расправија помеѓу него и капитенот Серхио Рамос.

Расправијата меѓу двајцата траеле скоро половина час, а медиумите во Шпанија откриваат дека завршила со зборовите на капитенот: „Исплати ме и си заминувам. Јас дадов се за овој клуб, за овој дрес и за тебе“.

После тоа стана неизвесна неговата иднина во „кралскиот“ клуб, но според она што го пишува „АС“ тешко дека Перез ќе се одлучи да го избрка, особено поради фактот што капитенот има договор со Реал до 2021 година.

Тоа значи дека Перез ќе треба да му плати на Рамос 25 милиони евра, колку што до крајот на договорот ќе заработи капитенот.

Меѓутоа, двајацта следниот ден се обиделе да ја смират ситуацијата, а медиумите откриваат дека Рамос го собрал целиот тим и одржал говор. Тој порачал расправијата со претседателот да ја остват зад нив, како и дека сега главна цел на сите мора да биде да го извлечат Реал од ситуацијата во која се наоѓа.

Притоа побарал од сите играчи да имаат почит кон Сантијаго Солари и одлуките кои ги носи, посебно кога зборувал на оваа тема се задржал кај Иско кој веќе некое време е во конфликт со Солари.