Home Спорт Пепе во голем стил си замина од Бешикташ: Прво им подели плата на вработените!

Пепе во голем стил си замина од Бешикташ: Прво им подели плата на вработените!

Португалскиот дефанзивец Пепе одлучи да го раскине договорот со Бешикташ поради тешката финансиска ситуација во турксиот клуб.

Како што пренесуваат турските медиуми од клубот не можеле да обезбедат високи плати за неколкумина фудбалери, меѓу кои и Пепе.

Меѓутоа, пред да го раскине договорот и да го напушти клубот, Португалецот се погрижи да го паметат по добро.

Имено, поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид пред заминувањето на сите вработени во клубот, како што се готвачите, луѓето задолжени за одржување на теренот, економот … им поделил плата од својот џеб.

35-годишниот Пепе одигра 52 натпревари за Бешикташ на кои постигна седум гола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…