Пензионер во Прилеп најден избоден до смрт во стан во кој живеел под кирија


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Шеесетипетгодишен пензионер е пронајден мртов, со убодни рани, во стан каде бил кираџија во Прилеп.

Станува збор за В.М. од село Могила, а според обвинителот Ристо Шошоески, на телото има траги на насилство.

Од полицијата потврдија дека на телото на пензионерот имало убоди и како што информираа оттаму сопственикот на станот неколку дена се обидувал да го најде кираџијата В.М. па ја повикал полицијата. Заедно ја отвориле вратата и во една од собите е најдено избоденото тело.

На местото излегле обвинител и увидната екипа на полицијата, а наредена е  и обдукција  на телото на починатиот пензионер.

Повеќе детали се  очекуваат во текот на денот.