Home Актуелно Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште две недели

Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште две недели

Македонскиот претседател Стево Пендаровски прогласи нова, но скратена вонредна состојба за дополнителни 14 дена, а не 30, како што предлагаше Владата. Причината за одлуката, рече Пендаровски, е од аспект на социо-економските мерки поврзани со пандемијата и никако не е поврзана со изборите.

Нови 14 дена вонредна состојба во Македонија – одлучи претседателот на државата Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност, иако Владата ги побара максималните 30 дена. Според Пендаровски, надлежните органи добро се справуваат со корона кризата, но во вонредна состојба смета дека имаат повеќе механизми за носење на економско-социјални мерки во корист на граѓаните. Причината за третото прогласување на вонредна состојба, претседателот тврди дека не е поврзана со датумот за парламентарните избори за кои допрва треба да разговараат политичките лидери.

По добиеното мислење на хартија од Државната изборна комисија, Пендаровски вели дека нема да даде толкување, освен што вели дека комисијата има обврска да направи план за работа тогаш кога ќе се утврди датумот за избори.

На Советот за безбедност присуствуваа и дел од министрите-членови, како и собранискиот спикер Џафери и премиерот Спасовски кој реферирал за сработеното од последната 30 дневна вонредна состојба. Претседателот по средбата со нив, рече дека од Владата побарал да размислат за намалување на рестрикциите за движење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…