Владата ќе бара од Пендаровски продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Владата на денешната седница донела заклучок да достави предлог до претседателот Стево Пендаровски за вонредна состојба и во наредните 30 дена, соопшти владината прес-служба.

Според Владата, продолжување на вонредната состојба за нови 30 дена е потребно за успешно справување со КОВИД-19. Одлуката е донесена на денешната 53 седница на владиниот кабинет и како заклучок ќе биде проследена заедно со извештајот за досега преземените активности од државните институции.

На седницата, се вели во соопштението на владината прес-служба, е дополнет и усвоен Протоколот со препораки и упатства за излез и влез во Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада, во министерствата и за македонските државјани. Заклучок е дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука ќе треба одобрување од Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со ковид-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.