Пекол во Париз: Огромни толпи демонстранти – полицијата распали со солзавец (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На денешниот нов голем протест организиран во Париз од страна на „Жолтите елеци“, огромен број протестирачи во реки од толпи пристигнаа во срцето на француската престолнина.

Полицијата почна да употребува солзавец и да ги апси протестирачите со цел да се обиде што може подолго да ги држи протестите под контрола.

Бројката ја кажа премиерот Едуар Филип. Според него, 481 лице биле притворени од страна на полицијата, а 211 останале во притвор.

Митингот на легендарната авенија Жанзелизе стана насилен веднаш по 10 часот.

На видеата се гледа дека луѓето кашлаат и киваат, откако врз демонстрантите беа исфрлени канистри со солзавец.

На улиците беа распоредени оклопни возила што ѝ припаѓаат на француската жандармерија – воената полиција. Тие беа поставени веднаш до Шанзелизе, каде што минатата недела беснееше една од најжестоките борби помеѓу полицијата и демонстрантите.