Патуваат веќе 17 години, на ова патешествие пристигнаа и четири деца, а сега се во Шпанија (ФОТОГАЛЕРИЈА)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ерман и Канеларија Зап од Аргентина сакаа да патуваат низ Аргентина и да истражуваат.

Планирале шест месеци да патуваат, но она што не можеле да го претпостават е дека тоа патување ќе им се продолжи на 17 години.

Ја напуштиле работата во 2000. година, купиле олдтајмер и тргнале, а нивното патување се уште трае. Само повеќе не се сами. Во текот на патувањето добиле четири деца, три момчиња и едно девојче се родиле на потполно различни краеви на светот.

Покрај Ерман и Канеларија семејството Зап го сочинуваат Пампа 14 години роден во САД, Техуа роден во Аргентина кој има 11 години, 9-годишната Палома е родена во Канада, а најмалиот Волаби има 7 години и е роден во Австралија.

Досега семејството Зап минале 73 земји, помеѓу останатото и животинското царство Зимбамве и џунглата Суматра.

„Најважната лекција која ја научивме е дека ова патување ни овозможи да се спознаеме себеси“, истакна Ерман кој со семејството моментално се наоѓа во Шпанија.

„Луѓето не предупредуваа дека светот е опасно место, дека може да не ограбат и убијат. Не сонувавме дека е толку убаво. Наместо седуммте светски чуда, видовме седум милијарди чуда – притоа мислам и на луѓе“, додава тој.

Откри дека луѓето му оставиле најсилен впечаток бидејќи тие им овозможиле да го остварат својот сон, нудејќи им смештај.

Зап живеат така што прават уметнички предмети, пишуваат книги, држат предавања.

Првпат кога снемале пари во Еквадор морале да се снајдат па одлучиле да сликаат и да станат парично независни.

Децата не одат на училиште, но мама ги подучува, а нивното животно искуство е непроценливо. Најстариот стигна да јава слон, леташе со балон и параглајдер, а пилотирал и со мал авион.

„Запознаваш нови другари и по само три-четири дена мораш да се поздравиш“, единствено за тоа жали ова семејство.