Парче коронавирус за евро и пол


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека храната и другите продукти брзо исчезнуваат од италијанските супермаркети, поради паниката која настана од епидемијата на коронавирусот која ја потресе и Италија, на излогот од историската слаткарница Мангини во центарот на Женова се нуди нов десерт во форма на коронавирус.

Десертот е направен од лиснато тесто, чоколаден фил и крем со вкус на портокал, а парче „коронавирус“ и кафе се продава евро и пол, според „Ла Воче“ ди Женова.

И покрај тоа што дел од жителите сметаат дека станува збор за невкусна провокација, сопственикот на слаткарници Џакомо Росињоти вели дека верува дека „е потребно да се шегувате среде состојбата што ги води повеќето луѓе во параноја“.

Тој верува дека на овој начин луѓето можат да бидат охрабрени да го разгледаат целиот проблем на позитивен начин. Слаткарот додава дека додал арома на цвет од портокал во кремот на тортата, што симболизира – надеж. Тој рече и дека се надева оти луѓето наскоро ќе се вратат на нивните вообичаени активности.