Спорт

Паника во Мадрид, пристигна претседателот на ПСЖ – ова се трите мети!

Висока делегација на ПСЖ предводена од претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи пристигна во шпанската престолнина, но сеуште не се знае точната причина за посетата.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, постојат три можни сценарија. Првата претпоставка е дека „светците“ во Мадрид доаѓаат по голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Словенецот е на мета на ПСЖ, а медиумите тврдат дека богатите Парижани се спремни да ја платат откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.

Второто сценарио е Томас Муниер за кого се шпекулира дека Реал Мадрид го сака во своите редови. Десниот бек сака да го напушти ПСЖ после пристигнувањето на Дани Алвеш, а „кралевите“ се во потрага по алтернатива за Карвахал.

Третата опција која се споменува во медиумите е наводно големите проблеми за конечна реализација на трансферот на Нејмар во францускиот гигант. Наводно 222 милиони евра сеуште не легнале на сметката на Барселона, па првиот човек на ПСЖ пристигна во Мадрид за да ги реши сите проблеми.

Ова се само претпоставки од срана на шпанските медиуми, па останува да видиме наскоро која е вистинската причина за посетата на ПСЖ во Мадрид.

Advertisements
To Top