Home Актуелно Panasonic го продаде сопственичкиот дел што го имаше во Tesla – еве за која цена

Panasonic го продаде сопственичкиот дел што го имаше во Tesla – еве за која цена

Производителот на техника „Panasonic”, кој беше ко-сопственик на фабрика за батерии заедно со „Tesla”, го продаде целиот свој удел во автомобилската компанија за 400 милијарди јени или 3,6 милијарди долари, пренесува Блумберг.

Јапонската компанија поседуваше околу 730 милиони акции на „Tesla” во март минатата година, а до крајот на истиот месец, нејзиниот удел веќе беше нула. Ова го покажуваат официјалните податоци презентирани денеска.

Во меѓувреме, цената на акциите на Tesla се намали речиси петпати за овој период.

Според портпаролот на „Panasonic”, Вајои Ватанабе, овој договор нема да го наруши партнерството со „Tesla”, а собраните средства ќе бидат искористени за идни инвестиции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…