Технологија

Паметно ѕвонче кое секогаш ќе препознава кој ви стои пред врата

Калифорниска компанија која се занимава со производство на паметни уреди, денес го претстави паметното ѕвонче Nest Hello. Ова ѕвонче има можност за препознавање на лица, па така ќе бидите сигурни кој ви стои пред вратата. 

Ова паметно ѕвонче има поддршка за снимање во ноќен режим, што е карактеристично и за другите производи на оваа компанија.

Ѕвончето е опремено со сензори за препознавање на лице, исто како оние на паметните сигурносни камери. Со што секогаш ќе ги препознава членовите на вашето семејство, пријателите и сите оние кои често го посетуваат вашиот дом.

Со Nest Hello исто така може и брзо да им одговорите или отворите на оние кои се пред вашата врата. Ова ѕвонче исто така има вграден стабилизатор за шум, со што нема да ви претставува проблем бучавата кога разговарате со некој кој е пред вашата врата.

Ѕвончето на оваа компанија исто така има опција за поврзување со вашиот паметен телефон, со што може да добивате известувања и снимки.

To Top